Македонското друштво „Илинден“-Тирана го честита 29 Ноември 1944 година – Денот на ослободувањето на Албанија од нацифашистичката окупација.
– Овој значаен историски ден претставува потсетник на борбата за слобода, на жртвите и на стремежите за живот во мир, достоинство и во слободна држава. На овој празничен ден ја истакнуваме важноста на мирот, соживотот, солидарноста и меѓусебното почитување како темелни вредности за изградба на демократско и праведно општество. Македонците во Албанија учествуваа во Антифашистичката националноослободителна борба, давајќи свој придонес во борбата за ослободување на земјата. Посакуваме овој значаен ден да донесе надеж, благосостојба и напредок за сите граѓани на Република Албанија – стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.


































