Денеска времето ќе биде ведро и студено во утринските часови, а во текот на денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево и студено време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.
До недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат умерени, а локално и пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Поради падот на температурите во текот на викендот, врнежите ќе преминуваат во дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.



































