Фото: „Нова Македонија“

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Кон крајот на денот се очекува врнежите да престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува на одделни места долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 6 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

Од утре се очекува стабилизирање на временските услови, со суво време и променлива облачност. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од петок облачноста ќе се намали, а за време на викендот се очекуваат постудени утра, при што минималните температури на некои места ќе се спуштат под нулата.