Фото: МИА

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник и член на Владата на Република Македонија.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот син на социјалните мрежи.

„Со голема тага ве известуваме дека денеска почина нашиот сакан татко, Самка Ибраимовски. Се простуваме од човек кој секогаш се трудеше да им помогне на другите, дури и кога тоа изгледаше невозможно“, напиша неговиот син на Фејсбук.

Ибраимовски е роден на 27 септември 1954 година во Тетово, а високо образование стекнал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад. Политичкиот ангажман го започна во ПЦЕР, а во текот на кариерата беше избран за пратеник во Собранието.

Тој беше препознатлив по своето политичко делување и застапувањето на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Покрај политичката кариера, Ибраимовски извршуваше и раководни функции во различни институции и организации, меѓу кои и во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје.