Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека американските претставници разговарале со посредниците за завршување на војната со Иран.
Трамп истакна дека САД „многу брзо“ ќе победат.
– Ќе победиме. Ако мене ме прашувате тоа ќе биде постигнато на еден или друг начин. Се ќе се случи многу брзо – посочи Трамп.
Претставници на САД и Иран вчера имаа разговори преку посредници за завршување на седуммесечната војна. Претходно, Вашингтон и Техеран двапати, во април и во јуни договорија прекин на огнот во индиректните мировни преговори.
Pреговорите се одржаа и покрај тоа што Трамп го одби претходниот ирански план за седумдневно примирје, што предвидуваше завршување на судирите во Иран и во Либан, одмрзнување на иранскиот имот вреден милијарда долари, укинување на санкциите за иранската нафта и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа. Потоа Иран би ја одблокирал Ормуска Теснина, а потоа ќе се преговара за иранската нуклеарна програма.
МИА
































