Фото: Пекселс

Пожар избувна утрово околу 4.30 часот во кафуле на приземјето на трикатна станбена зграда во атинската населба Неа Јонија. Огнот брзо се проширил низ објектот и предизвикал голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Нема повредени, а станарите од горните катови биле превентивно евакуирани.

Во гаснењето на пожарот, кој во меѓувреме е ставен под контрола, интервенирале 18 пожарникари со пет противпожарни возила.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека кафулето се наоѓа на приземјето на трикатната станбена зграда и дека лицата од соседните катови биле евакуирани од безбедносни причини.

Причините за пожарот ги истражува специјализираното одделение за кривични дела поврзани со подметнување пожари.

Во истото кафуле на крајот од февруари 2023 година се случил вооружен инцидент во кој бил убиен 37-годишен маж.