Фотографијата Крушевска идила на авторката Велиан Јагев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — е член на семејството на вервериците. Стоболката е мал, социјален глодар кој живее во подземни колонии на пасишта и ливади. Таа е активна исклучиво дење, кога бара храна — претежно семиња, фиданки, корења и инсекти. Овие животни имаат уникатен систем за безбедност: додека колонијата се храни, една стоболка стои исправена на стража. Доколку забележи опасност, таа испушта остар звук сличен на свиреж, што е сигнал за сите веднаш да побегнат во своите дувла. Помеѓу есента и март, стоболката паѓа во длабок зимски сон (хибернација). За да го преживее овој период, во текот на летото таа интензивно се храни и таложи масни резерви. Денес, поради уништувањето на ниските тревнати предели, овој вид се смета за загрозен во многу делови од Европа.
Во Македонија, овој строго заштитен вид е застапен на две локации: во низинските предели на Валандово (на околу 150 метри надморска висина) и во високопланинските пасишта на планината Јакупица (помеѓу 1.500 и 2.250 метри надморска височина). Фотографијата е направена под Солунска Глава, на локалитетот Бегово Поле – вели Јагев.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.
































