Фото: Маја Јаневска Илиева

АСНОМ-скиот завет гласи: „Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме“, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова на денешната панел-дискусија „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“.

Според претседателката, државата не се гради само со демократски избори и конституирање на институциите, туку и со создавање функционални институции, заштита на човековите права и почитување на највисоките стандарди на домашното и на меѓународното право.

– По мое мислење, умерени и умни лидери во 1990-тите години беа Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдурахман Алити… Тие, со своето знаење, мудрост и државнички однос, успеаја на умерен начин да исчекорат од вртлогот на војната. Тоа е многу важно. Според еден научник, за шест дена можете да скицирате устав, за шест месеци да зацртате либерална економија, но потребни се шеесет години за да изградите функционална демократија – нагласи Силјановска-Давкова.

Таа истакна дека функционалната демократија не се гради само преку изборите и конституирањето на институциите, туку и преку заштитата на човековите права и почитувањето на домашното и на меѓународното право.

На панел-дискусијата учествуваат поранешни пратеници, министри и други јавни личности.