Фото: КФМ

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ ВО ТАРАНТО

  • Во финалната борба актуелниот европски младински првак го победи Хрватот Боран Берак и со тоа ѝ го донесе на Македонија вкупно шестиот медал, прв златен, на МИ 2026

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски (21), член на КК Олимпик од Скопје, предводен од тренерот на македонската сениорска репрезентација, Александар Кузмановски, освои златен медал на 20. Медитерански игри (МИ) во Таранто (Италија).

Во те­жин­ска­та ка­те­го­ри­ја до 67 ки­ло­гра­ми, во дис­цип­ли­на­та бор­би, во фи­нал­ни­от ду­ел, акту­ел­ни­от мла­дин­ски европ­ски шам­пи­он од Кипар го по­бе­ди со 6-0 Хр­ва­тот Бо­ран Бе­рак и со тоа ѝ го до­не­се на Ма­ке­до­ни­ја вкуп­но ше­сти­от ме­дал, а прв зла­тен на Ме­ди­те­ран­ски­те игри за 2026 го­ди­на.

До златниот медал Белистојаноски стигна откако ги победи мошне квалитетните претставници Мустафа Алма Салех (6-1) од Сирија, Лука Мареска (2-0) од Италија и во полуфиналето Георгиос Балиотис (5-1) од Грција, кого го совлада и во финалето на младинското Европско првенство (ЕП) годинава во Кипар (2-0).

Вчера попладне требаше да настапи уште македонската каратистка Вероника Костовска (во категоријата до 61 кг), а денеска и Стефан Стојановиќ (над 84 кг).
Со овој медал на големата карате-надеж на Македонија, Белистојаноски, Македонија досега освои шест медали на годинашните Медитерански игри во Таранто, од кои (едно злато) две или три сребра и три бронзи.

На МИ 2026 во Италија сребрени медали освоија борачите Фати Вејсели (категорија до 74 кг) и Реџеп Хајдари (до 97 кг), а бронзени медали борачот Ахмад Могамедов (до 86 кг) и борачката Вероника Консевиќ (до 57 кг), сите во борење слободен стил, како и боксерот Ален Рустемовски (до 60 кг). Г.И.