ФУДБАЛ
Аргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Tој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство (СП) во Катар во 2022 година, а постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-би-си“.
Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното Светско првенство.
Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.
Тој е втор најдобар стрелец во историјата на светските фудбалски шампионати, со 21 погодок, зад Килијан Мбапе од Франција со 22, и втор според голови во сите меѓународни натпревари, со 125, зад неговиот голем современик и ривал, Португалецот Кристијано Роналдо, со 146 гола, пишува „Би-би-си“.
Меси постигна осум погодока и имаше четири асистенции на Светското првенство неодамна. Тој го зголеми својот број на асистенции на 12 во кариерата на планетарните фудбалски првенства, од кои 10 се остварени во нокаут-рундите на миндијалите, а ниту еден друг играч во историјата нема повеќе од осум вкупно, пишува „Би-би-си“. Н.М.































