Фото: Пиксабеј

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а максималната дневна до 38 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период ќе продолжи сончевото и многу топло време. За време на викендот се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места е можно и невреме со силен ветер и град. Дневните температури во одредени подрачја може да надминат 40 степени.