Дваесет и четиригодишен скопјанец е повреден со остар предмет во инцидент што ноќеска се случил кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 1.27 часот по полноќ, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.
На местото бил затекнат 24-годишниот Н.Н. од Скопје, кој бил во друштво на двајца пријатели. Според неговата изјава, претходно избувнала физичка пресметка меѓу неколку лица, а додека се обидувал да ги раздвои, едно од лицата го нападнало и му нанело убодна рана со остар предмет.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.


































