Фото: ЦК „Марко Цепенков“

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи вечерва од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Ова е уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко
Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На вечерта ќе се
претстават групи кои ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД
„Преродба -24“, Здружението на пензионаери – Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“. Ка.М