Исламски пајак во европската мрежа (прв дел)

  • Приватизацијата и мафизацијата во Македонија ги уништија тотално економијата, индустријата, земјоделството, здравството и културата. Мигрантскиот „удар“ овој пат го одбивме. Следниот ќе биде џихад-инвазија. Промените во Унгарија се „бокс“ во тој правец, а предвремени избори се нови милионски трошоци

„Животот не вреди пет пари, ако не си свој или си талибанец“… рекол некој, можеби јас… Овој напис е посветен на двајца мои другари и автори, професорите Иван Бабановски и Мартин Димковски Бабагинин, со кои порано сме напишале неколку книги за верскиот екстремизам, нацизмот и холокаустот. Сега тие издадоа книга под провокативен наслов „Исламски пајак во европска мрежа“. Сите уживавме во титоизмот, но двајцава во одреден период беа системски супресирани. Зошто јас бев фаворизиран? Од незнаење. Јас по струка бев доктор и немав интерес за заднинските игри, та системот ме форсираше, додека овие двајца имаа големи тешкотии. Кога постигнав што сакав и јас се заинтересирав за нивната работа како аматер („street smart intuition“).
Имав контакти со најврвни луѓе во светот и многу научив. Двајцата ги нарекувам херои, кои наоѓаат неоткривливи информации и одат спротивно од „испраното“ јавно мнение. Генералот Љубен Гоцев, главен разузнавач на Бугарија во комунизмот и ментор на З. Бжежински, велеше дека „системот учи паралелна историја што не е од реалноста, а во школите за безбедност мора да се изучува вистинската историја“ (инверзна логика, „fallacy studies“). Еден скриен принцип во разузнавањето е: сегашната состојба во „фидбек“ со минатото – значи сега остваруваме „сметки“ заостанати од минатото. Банките (Сити, Рочилд) се континуитет на антички капитал. Тие се „фактура“ на минатото. Исламските војни („Газва“, Али, Асасини, Отомани, Златна Хорда), а потоа јудео-христијанските (Бар Кохба, Крстоносни итн.) се одмазда сега. Војните во антиката и средниот век биле освојувачко-пљачкашко-верски. Светските војни се секуларни, со рушење на монархиите, сојузите, верските структури и со раст и пад на идеологиите. Испливаа на површина секуларни капиталистички системи и империјалистички интереси.
Сѐ повеќе доминира финансискиот капитализам, а „ладната војна“ е манипулација со капиталот, валути, колор-идеологии (капитализам, либерализам, НАТО версус БРИКС, социјализам, комунизам, фашизам). Верскиот фактор е манипулација по 1970-тите. За западните играчи најдобра сила за манипулација е исламот, а за источните – антирелигијата (атеизмот и комунизмот). Преку Тито, Хрушчов и Брежњев комунистите ги трансмутираа исламските и будистичко-хиндуистичките во некаков квазисоцијализам наречен неврзани. Но капиталот се уплаши дека ја губи моќта врз колониите, кои се важни за серија ресурсни богатства (нафта, гас, јаглен, ураниум, тешки метали, ретки метали, злато, сребро, дијаманти, дрва, биолошки материјал, вода итн.), па со разузнавачка контраофанзива ги презеде. Стимулираа верски дисторзии и конфликти за свои контроли. Го измислија Ердоган како „балерина“ меѓу Ататурк, Хамнеи, Израел, Русија, Азија и САД (како Хеда Хопер и Луела Парсонс). Сега конфликтите се „тампонада“ на Истокот (Кина, Русија). Како „верско гориво“ добар е исламот (око за око), а подобар – џихадот (живот за мислење). Во нашата средина скоро да нема книги на оваа тема поради следните причини: 1) недостиг од знаење, 2) дискретност. 3) дисторзии на информации, 4) опасности од протекување – видовме како поминаа информатори од типот на Сноуден и Асанж, Ана Монтес, Рудолф Абел, Моника Вит, Џошуа Шулте, Арсени Конов, Пол Уелан, Еван Герникович, Едмонд Поуп, Јуанс Чен, Лирен Лаи, нуклеарни шпиони и серија на израелски шпиони – во САД, Европа, Иран и обратно. Периодот по Втората светска војна ние го делиме на три периоди: 1) „секуларен“ – шпионажа и контрашпионажа меѓу Исток и Запад (од 1945-до сега), 2) верско-петро-монетарен: по 1970-тите – користење верски фактори, главно џихадизам за субверзии на Исток и Запад и 3) по 2022 г. – кибернетика, напредување, војни и мултиполарност (БРИКС од 2006 г.). Авторите главно ја опфаќаат втората точка – пред и по транзициите на комунистичките земји, распаѓањето на СССР и на Југославија и либерализмот со придружните војни.
Тоа што авторите го нарекуваат „европска мрежа“ всушност е џихадистичка мрежа – како што пајакот ги лови инсектите во мрежата. Намерата е кажана во сите устави на џихадизмот (кој патем нашите интелектуалци и аналитичари го обожаваат и до смрт се вљубени во него). Џихадот пропагира: смрт на сите „неверници“, на прво место Евреите, а потоа христијаните. Дали разбирате вие обожаватели на Хезболах, Хамас, Иран и слични главосечи? Во книгата е епизодно прикажана трагедијата на Југославија каде што странски служби со внатрешна петта колона и нашите џихадовљубени го направија тоа што го знаете.

Оние скорешни масивни протести за „јазикот и правосудниот испит“ се ентифада, драги мои. Во Израел (кого нашите интелектуалци го презираат) пред триесет години почнаа такви протести од Палестинците за права што се чинеа навистина човечки, за да се изроди во ужасна војна – борба за живот и смрт. Ако Израел попушти, не само што е готов туку ќе биде егзорцистички сомелен, а џихадот ќе избие на Медитеранот (веќе е). Еден палестински џихадист вели: „Сонувам како ќе јадам месо од исечена еврејска глава“. Дали сфаќате дека и вас ве чека тоа? Дали сфаќате побогу? Тоа што по улиците френетично урлаат за права, во заднина стои џихадот. Бализам бре! Македонија е инфилтрирана од разузнавачи и активисти на Хамас, Хезболах, ИСИС и други. Денес јазикот – утре друго – па друго, па друго… и на крај мрш надвор! И партија македонска имаме пропалестинска, појака од СДС, џихадистичка, најјака – гнаса-гнаса-гнаса! Палестинци имаат комплет податоци за нас, за секого. Така и Абвер имаше податоци „за секого“. Зошто? Дали сте свесни зошто? Оној пожар во Еврејската заедница е чаирски „бабин дим“ во однос на она што ќе се случува – џихадистичка „Црна рака“. Чаирци се Курти (најитар на Балканот), а Малоречици се Рама. Од службите во Германија дознаваме дека таму има 32.000 регистрирани члена на Хамас, многу повеќе од Палестина. А каде се нерегистрираните и другите? Според авторите Бабановски и Бабагинин, таму за тоа не смее да се писне. Според нив, за тоа се одговорни безбедносните служби, пред сѐ западните, но и источните (според институцијата „Карнеги“ во Москва има од два до четири милиони муслимани, кои не се џихадисти – сѐ уште). Службите ги претворија џихадистите во организации за притисок, прво на СССР и комунизмот, но и врз Европа.
Авторите најмногу се посветени на службите од САД, Британија, Франција, а помалку на другите европски, руските и кинеските. Детално расправаат за југословенските служби – сега српски, хрватски, босански, косовски и македонски, кои се длабоко инфилтрирани од џихадизмот и корелирани со организиран криминал – наркомафија, фармакомафија, петролмафија, агромафија, армиска мафија, тутунска мафија, продажба на луѓе, проститутки и органи. Многу е жалосна прикаската за трговија со органи, сѐ уште прохибирана тема, каде што најчести жртви се деца без родители и воопшто деца. Ромите се најмногу на удар.
Кој крваво ја распадна Југославија? Нашите политичари сите – прво комунисти, па антикомунисти, па бугаро-лизни, па џихадо-лизни, па наркобанди, па сега големи „патриоти“. Покрај службите, причина за џихадизација на Европа се губењето на фамилијата и на моралните вредности и огромната декаденција. Европската жена (па и декадентните мажи) се буквално проститутки на џихадизмот, кој им влезе во фамилијата. Во Франција, Германија и Британија и политиката е мегаџихадизирана. Во САД пред изборот на претседателот Трамп, сите универзитети беа окупирани од џихад, а на Евреи и „непожелни“ им забрануваа влегување. Илјадници инциденти се регистрирани. Сега тоа е „стишано“. До кога? Во иднина ќе букне. Големо жариште е и Канада, како и Јужна Америка. Проф. Бабановски, како и познатите аналитичари Игор Панарин, Олег Калугин, Бенџамин Кохен, Питер Турчин, Џорџ Кенан, Бранка Нагаш, уште пред 40 години предвидуваше распад на Југославија и СССР.

Предвидуваат исто и за САД. Јас до скоро во тоа не верував, но со „окупацијата“ на универзитетите во САД и мошне исламо-џихадо поддржувачката кампања на госпоѓата Камала Харис сфатив дека тоа е реалност. Од еден бугарски весник дознавам дека со распадот на СССР загубата е над 300 трилиони долари, а населението е преполовено. Ако сега САД се повлечат од Блискиот Исток поради јавното мнение, ќе си потпишат колапс. Запад – чао! Иран и џихадизмот ќе бидат победници и ќе го „скутираат“ целиот свет со нафта, гас, фертилизери и со директни воени напади. „Разводот“ меѓу САД и Европа е дамнешен, уште од Џорџ Вашингтон, а поскоро при конфликтот на претседателот Ајзенхауер и британскиот премиер Антони Иден при конфликтот за Суец во 1956 г. Тоа е фатална грешка и последиците се продлабочуваат.
Ние и понатаму сме летаргични и длабоко зацопатисани во Хамас, Хезболах и истите „праведни револуции“. Станавме џихадистички шљам. Многу длабоко ќе се каеме. Влезете во Детската клиника – потсеќа на Саудиска Арабија и Иран! Кој смее да пројде низ Арачиново или Кондово? За антисемитизмот да не зборувам – сега е во мода. Оргазам е. Тој е дел од „хит триаголникот“ – антисемитизам-примитивизам-џихадизам. Нашите коментатори уживаат во антисемитско блуење. Оргазмираат. Евреите се „Баба Рога“, потребна како „димна завеса“ за криење на другите проблеми.
Денес наведените автори длабоко ги проучуваат фашизмот и нацизмот, со конкретни факти, документи и имиња без пардон. Го отвораат и проблемот на ковидот и вакцините, но сега ако букне нова епидемија на ебола – ковидот ќе биде „мала шала“. По светот има над 200 лаборатории за биооружја. Дали може и Македонија? – Секако, ако ѝ наредат. Сега може и машина преку АИ или АГИ „да влезе“ во лабораторија и да произведе нов вирус (Брус Витман, Ервин Лох од Ево-Станфорд и Клауд Митос). Држави може да исчезнат. Понатаму Југославија своите рудници ги имаше под контрола на бивши нацисти. За атентатот на Киро Глигоров – тој кажал дека неколку пати ги прашал ЦИА и ФБИ, а тие не му одговориле. Тоа е симптом дека атентатот е заеднички „коктел“ на странски служби со нашиот „млад аскер“ извршител. Тоа е влез на валкан капитал и „домино“. Албанизација на Косово се вршеше уште одамна во Југославија, буквално со намера за мафизација и наркотизација за прилив на девизи (в. „Растко“ и Дејан Лучиќ „Во Центар“ 2016). Истиот – и во Македонија. Приватизацијата и мафизацијата во Македонија ги уништија тотално економијата, индустријата, земјоделството, здравството и културата. Мигрантскиот „удар“ овој пат го одбивме. Следниот ќе биде џихад-инвазија. Промените во Унгарија се „бокс“ во тој правец, а предвремени избори се нови милионски трошоци. Книгата е суров историски егзистенцијализам, актуелизам и реализам.

(продолжува со: Што е империја, а што империјализам?)

Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос