Венециските локални власти ќе наплаќаат од 2,5 од 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати и го пренатрупуваат градот.
Мерките изгласани викендов предвидуваат надлежните во Венеција да наплаќаат такса за престој. Нејзината висина ќе зависи од сезоната и ќе важи за сите посетители, било да сакаат да преноќат или само да поминат низ градот.
Таксата веќе важи за Лампедуза и уште неколку италијански острови.
Тоа би можело на Венеција да ѝ донесе приход од над 50 милиони евра годишно, бидејќи градот секоја година го посетуваат околу 25 милиони туристи.