- (според Џ. Кијарди… ти текна: …3-4 % од мравките на дадениот брег умираат дневно без особено вознемирување,само статистика за месец, генерација… важно е: работата да оди, да оди, да оди… токму како што навистина врви, навистина врви, навистина врви… навистина врви.)
Амнезијата обично се сместува во болест. Потоа, нормално, болеста се дели на два дела и потоа на многу повеќе во зависност од науките, навиката, ординацијата, специјализацијата, гледањето напред кон иднината…. За да прилега научно и оваа нејасна потреба што ја испраќам како колумна, ќе напишам дека знам за антероградната и за ретроградната и дека причините може да бидат и духовни и телесни и надворешни и внатрешни и национални и интернационални и глобални и локални… и бидејќи постојано пишувам за архитектурата, природно ќе продолжам и природно ќе ја вознемирам праксата на ретроградната амнезија. Особено кога таа е тема на апокрифните сведоштва за создавањето на човекот, кои дарвинизмот, се разбира, ги сместува во несериозност.
Сепак, ретроградна амнезија е христијанска доблест предвидена со епизодата кога Светиот Дух ни го ухнува сето знаење, а потоа ангелот нѐ чукнува по горната усна за да ни овозможи и да забораваме.
Ужас е ако прерано се свестиш дека си смртен… а ужас поголем е ако сфатиш дека можеш и да бидеш бесмртен… Кога со аџилакот ќе налетам на вакви работи помислувам како… архангелот Еремиел го спушта показалецот во длапката на горната усна (веројатно тој лично ја создава, веројатно интензитетот на допирот го одмерува за секого посебно, инаку зошто таа клучна естетска забелешка е различна кај секој образ човечки!?) и веројатно така определува кој колку, кога, како ќе заборави…
Сега: имам хипотеза… ми преостанува само експеримент…
АМНЕЗИЈА… чинам… според Д. Леман… ако не, тогаш Т.Диш
Ни глумците… ни публиката… Никој не знаеше што ќе се случи…
најверојатно тогаш се случи атентатот… колата запре… шоферот свика:
„ВЛЕГУВАЈ… волците не ги критикуваат овците… само… ги јадат…
Најверојатно тогаш се случи атентатот… (оваа реченица нема да ја употребам повторно…) …свадбениот фустан го снема од излогот… взори…
Совршено време за егзекуција (оваа реченица веќе нема да ја повторувам)…
Единствена победа во љубовта е повлекувањето… И…? …
Ние се повлековме…
Взори…
Совршено време за егзекуција… сите осомничени беа во сина униформа… единствена победа во љубовта е повлекувањето… и…
(ние се повлековме)… на лудилото се спротивставуваме само со лудило…
(нема надеж дека нешто ќе се излечи… ништо слично)… и… бидејќи сликарството секогаш го одразува само своето време, штом се појави судбината (со невешто нацртана капа) нема надеж дека нешто ќе биде излечено (ништо слично)…
Снимката се избриша… (СЀ ИЗБРИША)… САМА… Тука… е знакот за почеток
штом ќе се појави судбината (со невешто нацртана капа) ни глумците
ни публиката… Никој не знаеше што ќе се случи (снимката се избриша сама…)
Точното време за почеток…
Колата застана – шоферот свика: ВЛЕГУВАЈ… ВОЛЦИТЕ НЕ ГИ КРИТИКУВААТ ОВЦИТЕ… САМО ГИ ЈАДАТ…
…ова е на англиски… сега препев на македонски
АМНЕЗИЈА… МАКЕДОНСКИ ПРИМЕРОК
Ни власта… Ни собранието… (мислам)… само народот дошика што ќе се случи…
Најверојатно тогаш се случи атентатот… шоферот ја вкочани колата и соопшти:
Влегувајте… Волците не ги критикуваат овците… само ги јадат… (оваа реченица не смеам да ја повторам повеќе)… веројатно… Тогаш се случи атентатот… Македонија – матична држава на Македонскиот народ.!!! Каде и да е… Кога и да е… На полноќ – совршено време за егзекуција (…овој настан не е одобрен во службената историја…) …единствената победа во љубовта е повлекувањето и тие се повлекоа!!! …на полноќ (совршено време за егзекуција)… сите осомничени беа во иста униформа (на лудилото се спротивставувате само со лудило)…. има ли надеж за извлекување?? (оваа реченица нема пак да ја повторувам)… и бидејќи (МИЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА) вестите се да ја одразат волјата на секојдневноста ама демократски… веднаш кога ќе се појави судбината (со невешто нацртана капа-каузија).. .јасно е дека нема друга опција освен еунато (оваа реченица е задолжително да се повторува)…
Документацијата се избриша сама… избриша сѐ… Време е… Време беше… за почеток… ХОРИЗОНТ… хоризонт е у нато… хипноза… кога судбината ќе се замеша со невешто нацртана капа-каузија….дали власта, дали парламентот… дали некој има поим што се случува!!? Снимката се избриша… Снимката избриша сѐ… (сама?!)… точно време за почеток?… Возењето продолжува… шоферот соопштува: ВЛЕГУВАЈТЕ… ВОЛЦИТЕ НЕ ГИ КРИТИКУВААТ ОВЦИТЕ… САМО ГИ ЈАДАТ…
АЏИЛАК ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ…
Кога одам на аџилак, природата на аџилакот е во повторувањето на посетата. Таа дисциплина не е поради навика ни поради традиција. Местото секогаш нуди ново сеќавање, ново откритие од заборавот… ЗАТОА ЛИ Е НАРОДНАТА: СИТЕ МАКЕДОНСКИ РЕКИ ТЕЧАТ КОН МИНАТОТО!
АМНЕЗИЈА
QUO VADIS DOMINE
Ни во основно… Ни во средно… Ни на факултет… Никој не знае како починал Гоце… Ни во основно… ни во средно… ни на факултет… Никој не знае како починал Рацин… кој го зготвил атентатот на Киро… колку „несреќен“ е „кингерот“ на Борис… каде се 600 милиони марки за бугарската пруга… што навистина се случи во 2001… кој бегаше од Арачиново… кој ги краде имињата на спомениците… Кој е Григориј Акиндин…. Кој Кукузел… Зошто Павле само во Македонија е пречекан со радост, а на секое друго патување спасувал жива глава… Што знаеме за Свети Лука… Што за Црко и Страхота, а што за Климент и Наум… каде е роден благочестивиот, христољубив македонски цар… Зошто Битола е најбомбардираниот град во Првата светска војна… зошто патот Кичево – Охрид се гради 12 години… а за 6 години се изградени над 100.000 невселени станови само во Скопје… Како тоа коските на Свети Размо се во Италија, а светецот овде живеел, овде се подвизувал, овде покрстувал 20.000 и овде се претставил пред Бога… Зошто Стоби е римски град кога постоел пред да се роди Рим, кога урбаната матрица воопшто не одговара на дефиницијата за римски град и кога Емилио Паул го срамнува со земја во 168 пр. н. е… кои беа околностите за трагедијата со Драган Богдановски… што всушност е „диво насеље“… зошто Дојран е срамнет со земја по завршетокот на Првата светска војна… што знаеме за папата Богомил… Што навистина знаеме за Александар Македонски… зошто нема судски процес за велепредавство кога има зајре за повеќемина…ШТАМА.
Не беше тоа одамна… една воспитаничка на гимназијата ЈБТ, насока архивистика и библиотекарство, ми раскажуваше за практичната настава што се одржувала во Архивот и дека имале задача од картонски кутии да расчистат некои неважни документи(!?) од периодот на почетокот на 20 век поточно Илинденското востание. Велеше дека ја држела в раце сметката со потпис на Гоце… потоа во пожари исчезнаа манастири… пред тоа со воловски коли беа празнети манастирските библиотеки (од секој манастир по 1 тон ракописи)… потоа се запали поштата… Заводот за пензиско… еден сведок ми кажа дека во лустрацијата многу документи се пуштани по вода… потоа исчезнаа артефактите од музеите… исчезнаа видеотеката и фонотеката на МРТ…
CREDO ERGO SUM
* Дали си загрижен? – го прашувам соговорникот.
– Стравот од незнаењето живее со мене, но не живее срамот… и… загриженоста дека на мојата приказна нема да ѝ дојде редот и да ја види светлината на денот… веќе не е пречка што не можам да ја совладам.
*!!??? – се чудам
– Во Македонија постои сѐ… само НЕ заборав.. Посети барем една хиерофанија, Римата е меморија… Облик… Ти текнува: Луи Кан…
Вангел Божиноски

































