Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од Повардарието повремено ќе биде и засилен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека пак дневната температура ќе биде во интервал меѓу 23 и 31 степен.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 28 степени.

Стабилното и сончево време ќе се задржи и утре. Од недела попладне повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.