Фото: 24 Ракомет

Ракометниот портал „24 Ракомет“ по осми пат го реализираше изборот на идеалниот тим на сезоната во Супер машката лига 2025/26, во кој доминираат ракометарите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, клубови кои оставија најсилен печат во текот на шампионатот.

На позицијата лево крило признанието му припадна на искусниот Дејан Манасков од Еурофарм Пелистер, кој и оваа сезона беше еден од најконстантните во нападот. На позицијата лев бек се најде неговиот клупски соиграч Филип Кузмановски, капитен на битолскиот состав и еден од најдоминантните бекови во машката Супер лига.

Фото: 24 Ракомет
Фото: 24 Ракомет

Организатор на играта во идеалниот тим е Јака Малус од редовите Вардар, кој со својата креативност и сигурност заслужено го доби признанието за најдобар среден бек, додека на десната бековска позиција избран е Урош Митровиќ, уште еден важен адут на „црвено-црните“.

Фото: 24 Ракомет
Фото: 24 Ракомет

На десното крило блесна Дарко Ѓукиќ од Охрид, кој со одличните настапи беше меѓу најзаслужните за успесите на својот тим, а на пивотменската позиција со својата пожртвувана игра во нападот и борбеност во одбраната доминираше Милан Лазаревски од Вардар.

Фото: 24 Ракомет
Фото: 24 Ракомет

Меѓу стативите местото му припадна на Кристијан Пилиповиќ од Охрид, кој со своите интервенции беше еден од најсигурните голмани во шампионатот, додека пак за најдобар дефанзивец е избран Ориол Реј Моралес, исто така член на охридскиот состав.

Фото: 24 Ракомет
Фото: 24 Ракомет

Признанието за најдобар млад ракометар заврши во рацете на Димитар Узунчев од Бутел Скопје, кој со своите настапи покажа дека македонскиот ракомет добива ново перспективно име.

Фото: 24 Ракомет

За тренер на сезоната е прогласен Иван Чупиќ, стратегот на Вардар, кој успеа да го предводи својот тим до успешна сезона и повторно да го наметне скопскиот клуб во самиот врв.

Фото: 24 Ракомет

Со овој избор, реализиран од ракометниот портал „24 Ракомет“, уште еднаш беше потврден квалитетот што го понуди Супер машката лига во сезоната 2025/26, како и доминацијата на најдобрите екипи, но и појавата на нови млади имиња кои се иднината на македонскиот ракомет.