Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран.
Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушал (Truth Social).
Трамп рече дека процесот треба да биде надгледуван од Комисијата за атомска енергија или нејзин еквивалент. Првично беше нејасно дали тој мисли на американска агенција или можеби на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со седиште во Виена, пренесе ДПА.

































