Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на аеродромот во Охрид го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата.

– Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност – напиша премиерот Мицкоски на „Фејсбук“ .

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави.