Фото: Маја Јаневска-Илиева

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48.433 денари и во однос на март 2025 година,  е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6  проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2  проценти и Информации и комуникации за 11.6 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10.9 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 9.1 процент и Информации и комуникации за 8.5 проценти.

МИА