ЈП Комуналец е успешен преку сите групи кои работат на терен секојдневно.
Продолжуваат реконструкциите на фекални и атмосферски канализации со што трајно им се решаваат проблемите на граѓаните во поглед на поплавите на станбените објекти.
Во делот на водоводот реконструирани се главните станици како и хлорната станица, се работи и на физибилити студија за филтрирањето, проблем кој се провлекува, но во брзо време и тоа ќе биде решено. Во овие испитувања се вклучени и сериозни експерти. Промената на водомерите се реализира веќе одреден период, проект за кој многу пати сме зборувале а бенефитот го чувствуваме сите.
За хигиената, хортикултурното уредување и ликот на Кавадарци веќе се зборува низ целата држава. Не постои посетител кој не искоментирал и не кажал пофални зборови за нашето убаво и чисто Кавадарци.
ЈП Комуналец работи и со својата градежна група, асфалтира прокопи, одржува сообраќајни знаци и урбана опрема.
Крајниот исход се 9 милиони денари добивка во првиот квартал. Ова е инспирација за ЈП Комуналец да ги проширува своите видици и да продолжи да биде пример за тоа како треба да се работи.
ЈП Комуналец – Кавадарци, директор Гоце Ангеловски