Фото: Приватна архива

 „На рубу знаности“ во Битола

По успешното предавање одржано минатата година, Крешимир Мишак повторно доаѓа во Битола. Случајно…или не? Синхроницитетот е појава што го нарушува причинско-последичниот тек и има значење за оној на кого му се случува. Така овој необичен, а сепак чест настан во човечките животи го дефинирал Карл Густав Јунг. Но, синхроницитетот не е само субјективна појава, бидејќи и самиот свет и природата се покажуваат синхронизирани на многу начини. Што ни кажува феноменот на синхроницитетот, кој во 21 век се зголемува, за самата природа на светот? Како што поминува времето, сè повеќе луѓе почнуваат да ги читаат знаците, а на ова предавање се добредојдени сите кои имаат чувство дека можеби случајностите и не постојат…
Фото: Приватна архива
Крешимир Мишак е писател, новинар, истражувач на граничните подрачја на човечкото знаење и музичар. Од 2002 година на Хрватската радиотелевизија (ХРТ) ја уредува и води култната емисија „На рубу знаности“. Автор е на повеќе од 10 книги и добитник на неколку награди за неговите книжевни дела.

Местата се ограничени, а билетите веќе се во претпродажба https://tix.mk/event/329/sinhronicitet-nishto-ne-e-sluchajno-bitola?lang=mk

Поддржувачи на настанот организиран од неформалниот културно уметнички колектив „Аристон“ се Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“ и КИЦ Битола.

Се очекува и гостување на Мишак на концерт на култниот бенд од Битола, „Паркети“, што ќе се одржи неколку часа по предавањето. Како и секогаш, така и денес Битола е центар на културата во Македонија.