Во Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип, утринава, во 4:24 часот, од вработените во Клиничката болница – Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата 25-годишна мајка Ѓ. У. од село Конче, Радовишко, го родила во домот.
– Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничката болница – Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг, 33-годишниот К. У. од село Конче, при што било утврдено дека околу 2 часот Ѓ. У. добила породилни болки и се породила во дворот – соопштуваат од СВР Штип.
Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.



































