Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска е разбиена организирана криминална група осомничена за извршување повеќе кривични дела.
Акцијата се реализира по наредби издадени од Основен кривичен суд, при што се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.
Според првичните информации, лишени од слобода се повеќе лица, меѓу кои и лекари вработени на скопските клиники, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации.
Надлежните институции најавуваат дека по завршување на акцијата ќе бидат соопштени повеќе детали за кривичните дела и инволвираните лица.
































