Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник „Илинден“ во Тирана. Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, на кој се обрати главниот и одговорен уредник, Никола Ѓурѓај.
На свеченоста во Тирана настанот присуствуваше, Радмила Стојмировска, вршителка на должност амбасадор на Република Македонија во Тиранa, Република Албанија, Атанас Плоча, заменик градоначалник на Општина Пустец, Васил Стерјовски, претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција, Верица Мукоска, лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Никола Ангеловски, потпретседател на здружението ВАРДАР-МКД-Подгорица, Република Црна Гора, претставници на мисијата на ОБСЕ во Тирана и на здруженија на малцинствата, како и претставници на македонско друштвото „Илинден“ и македонци од Тирана, Корча, Голо Брдо, Преспа, Гора и други гости.

Македонскиот весник „Илинден“ предизвика голем интерес кај „македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот“. Досега има испечатено 71 изданиие, а почнувајќи од март 2017 година, а покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com.
Весник стана достапен за целокупната јавност, за сите Македонци во Република Албанија, регионот и за цел свет. Исто така, од септември 2017 година, македонскиот весник „Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN и дел од најголеми читачи на вести во Македонија: time.mk, grid.mk и vesti.mk
Изданијата на македонскиот весник „Илинден” cе достапни за сите заинтересирани, во Националната библиотека во Тирана, Библиотеката на Собранието на Република Албанија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, Библиотеката на Академијата на науките и уметностите на Македонија, Библиотеката „Григор Перличев“ – Охрид и Државниот архив на Македонија.
-Мисијата на нашиот весник беше и останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија. Остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Република Албанија и Република Македонија, како и од Македонците ширум светот. Во измнатиот период весникот дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија. Вредно е да се спомне дека многу од македонските и светските информативни гласила користат податоци објавени во весникот “Илинден“. На тој начин, за многу значајни настани од животот на Македонците во Албанија, се информира пошироката светска јавност. Во оваа прилика, од име на редакцијата на македонскиот весник „Илинден” им се заблагодарувам на сите свои соработници и сите што помагат на весникот. Благодарност до Трајче Трајковски од Перт Австралија што помогна свечено да се одбележуват петнаесет години на македонски весник „Илинден“. Благодарност секако и до верната читателска публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот, покажа дека со објавуваните информации навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија. Македонскиот весник „Илинден” свчено ја прославува својата петнаесетгодишна работа и постоење, а за неговото значење оставаме повеќе да каже историјата – го заврши своето обраќање уредникот Ѓурѓај.

































