Фото: „Нова Македонија“

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

– Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди – информираа од ОЈО.

Како што велат од обвинителството, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.