Руската Влада денеска усвои нацрт закон со кој се дозволува производство на посеви кои се користат за правење наркотици за медицински цели, со цел да се намали зависноста од државите кои воведоа санкции против Русија.
Според нацрт законот, кој треба да го одобри Парламентот и да го потпише рускиот претседател, ќе им биде дозволено на две фабрики, кои веќе произведуваат лекови базирани на опијати, да одгледуваат свои сопствени посеви.
Повеќето супстанци кои Русија ги користи за производство на лекови против болки доаѓаат од земји кои вовеле санкции против Русија, изјави министерката за здравство Вероника Скворцова.
Поради тоа, како што наведе, Русија мора сама да произведува лекови од почеток до крај.