Иран влегува во преговорите за својата нуклеарна програма со Соединетите Американски Држави со „реални идеи“ и нема да подлегне на притисоци за време на тие разговори, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Тој напиша на платформата „Икс“ дека е во Женева поради нова рунда индиректни преговори со САД со конкретни предлози и дека Иран сака праведен договор.
Арагчи најави дека денеска ќе се сретне со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси поради детална техничка дискусија, пренесува „Прес ТВ“.

































