Фото: ДЗС

Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата.

Фото: ДЗС

Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена и потврдена ефикасноста и подготвеноста на екипажите, како и техничката исправност на трите авиони „ер трактор“ кои се во состав на Дирекцијата.