Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и европските држави наскоро ќе бидат подготвени да им презентираат на Соединетите Американски Држави финализирана верзија од мировниот предлог по неколкудневни разговори.

-Украинската и европската компонента сега се поразвиени и ние сме подготвени да им ги презентираме на нашите партнери во САД. Заедно со американската страна, очекуваме брзо да преземеме потенцијални чекори што е можно поизводливи – објави Зеленски на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека Украина останува „посветена на вистински мир“ и дека „сè зависи од тоа дали Русија е подготвена да преземе ефикасни чекори за да го запре крвопролевањето и да спречи повторно појавување на војна“.

Во однос на забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто за Политико, Зеленски изјави дека е секогаш подготвен за избори.

Трамп за Политико изјави дека украинската влада „користи војна за да не одржи избори“ и му рече на Зеленски дека е „важно“ земјата да оди на избори.

-Секогаш сум подготвен за избори – изјави Зеленски за италијанските медиуми, запрашан за изјавата на маргините на состанокот со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

По средбата со Мелони, Зеленски рече дека имале „одличен и многу значаен разговор“ за војната во Украина.

– Ја цениме активната улога на Италија во креирањето конкретни идеи и дефинирањето чекори што можат да нè доближат до мирот – рече Зеленски.