Фото: МИА

Добра вест е што е дозоволено бензинските пумпи на Лукоил да работат во земјите каде што ги има, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и нагласи дека во изминатиот месец и покрај санкциите нема никави проблеми во функционирањето на Лукоил Македонија.

-Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и се се одвива нормало. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите останати земји, пред се, поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни Лукоил ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата – рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.