Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Со осминафиналниот дуел Украина – Шпанија од 21.30 часот почнува нокаут-фазата на 24. Светско првенство (СП) за фудбалери до 20 години, кое се игра во Чиле, а меѓу 16-те најдобри се шест што настапија во осминафиналето на претходниот планетарен шампионат. Пред две години на младинското Светско првенство во Аргентина, во осминафиналето меѓу себе играа Аргентина и Нигерија, кои и сега ќе се сретнат за влез во четврт-финалето, а осминафиналисти тогаш беа и сега се и Колумбија, САД, Италија и Јужна Кореја.
Осминафинале, двојки: Украина – Шпанија (21.30 часот), Чиле – Мексико (утре, 1 ч.), Аргентина – Нигерија (утре, 21.30 ч.), Колумбија – Јужна Африка (утре, 21.30 ч.), Парагвај – Норвешка (четврток, 1 ч.), Јапонија – Франција (четврток, 1 ч.), САД – Италија (четврток, 21.30 ч.), Мароко – Јужна Кореја (петок, 1 ч.). Н.М.