ФОРМУЛА 1
Возачот на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел, победи на трката за големата награда на Сингапур во Формула 1, а Мекларен и математички ја одбрани титулата кај конструкторите. За Расел ова беше петти триумф во кариерата, а втор сезонава, по победата во Канада. Тој ја имаше пол-позицијата пред стартот и предноста не ја испушти до крајот. Бранителот на титулата, Холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред бул, беше втор, а трет низ целта помина Британецот Ландо Норис од Мекларен. Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен е четврти, Италијанецот Кими Антонели од Мерцедес е петти, возачите на Ферари, Чарлс Леклер од Монако и Британецот Луис Хамилтон се шести односно седми… На табелата кај возачите, Пјастри води со 336 бода, пред Норис со 314, Ферстапен е трет со 273 бода… Шампионатот продолжува на 19 октомври, со трката во Остин (САД). Г.И.