Фото: Нова Македонија

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 проценти, Капитални производи за  7,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 проценти, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1 процент.