Струмица

Информацијата што со неизвесност ја очекуваат земјоделците доаѓа од „Струмичко Поле“, подружница на АД Водостопанство, според која, нивото на водата во акумулациите Турија и Водоча е зголемено во однос на февруари. Сепак, од таму велат дека овие количества вода се многу помали во однос на минатогодишните за овој период. Во акумулацијата Турија, од каде што со вода за пиење се снабдуваат општините Струмица и Василево, има околу 20 милиони кубни метри вода, што е за 11 милиони помалку од мај лани, додека во акумулацијата Водоча има околу девет милиони кубици, што е за 20 отсто помалку од лани.
И покрај тоа, надлежните се надеваат на поволни хидролошки услови што ќе значи дека ќе се обезбеди вода за наводнување на обработливите површини во Струмичкиот Регион.
Турија и Водоча, кои имаат и свои хидромелиоративни системи, се проектирани да наводнуваат околу 13 илјади хектари обработливо земјиште во Струмичко.