Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1

Австралиецот ја оствари својата четврта победа сезонава по шест одржани трки
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои големата награда на Мајами во Формула 1 и со тоа го зголеми водството во генералниот пласман. Пјастри ја оствари својата трета победа во низа, или четврта во последните шест трки. Второто место му припадна на вториот возач од неговиот тим, Ландо Норис, со заостанување од 4,6 секунди, а трет беше Џорџ Расел со Мерцедес, со заостанување од повеќе од 33 секунди.
Актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен, го освои четвртото место, Александар Албон со Вилијамс беше петти, а Кими Антонели со Мерцедес беше шести. Седмото и осмото место беа освоени, по големата врева во тимот и дискусија водена преку радио, од страна на возачите на Ферари, Шарл Леклерк и Луис Хамилтон.
Возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, беше деветти, а возачот на Ред Бул, Јуки Цунода, десетти, последен меѓу освојувачите на поени на оваа трка. Пјастри сега има 131 бод на првото место во генералниот пласман, Норис е втор со 115, а Ферстапен трет со 99…
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 18 мај во Имола со трката за големата награда на Емилија Ромања. Г.И.