Тинејџерите сѐ почесто користат кратенки со кои сакаат да скријат за што разговараат. Проблемот настанува кога поради тоа е загрозена нивната безбедност.
Кратенките во интернетската и СМС-комуникацијата станаа толку вообичаени што некои, особено во тинејџерскиот сленг, влегоа во секојдневниот говор.
Главно имаат потекло од англискиот јазик, што не изненадува со оглед на популарноста на тој јазик на мрежата.
Некои од предупредувањата за присутност на родител:
POS – Parents Over Shoulder, родител над рамото;
P911 – Предупредување за присуство на родител;
CD9 – Code 9, родител во близина;
5 – Почекај неколку минути, родител во собата;
AITR – Adult In The Room, возрасни во просторијата.