Фото: Пиксабеј

Техно

Џемини станува единствениот дигитален асистент, а повеќето корисници ќе бидат принудени да го напуштат Гугл-асистент до крајот на годината. Гугл на својот блог објави дека ќе го затвори Гугл-асистент до крајот на 2025 година и дека целосно ќе биде заменет со Џемини, генеративната вештачка интелигенција на компанијата.
Преминот на корисниците ќе започне во наредните месеци, а подоцна оваа година, а Асистент веќе нема да биде достапен на повеќето мобилни уреди, ниту во продавниците за апликации.
– Покрај тоа, ќе ги надградиме таблетите, автомобилите и уредите што се поврзуваат со вашиот телефон, како што се слушалките и паметните часовници, на Џемини. Ние, исто така, носиме ново искуство, напојувано од Џемини на домашните уреди како звучници, дисплеи и телевизори – велат од „Гугл“.
Оттаму исто така изјавија дека ќе споделат повеќе детали со корисниците во наредните месеци и дека дотогаш Гугл-асистент ќе продолжи да работи на гореспоменатите уреди.