Фото: Принтскрин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна за „да ги заштити Американците од насилни силувачи, убијци и чудовишта“.

Трамп ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални затвореници осудени на смрт, преиначувајќи ги во доживотен затвор без помилување.

На почетокот на овој месец, Бајден им ги ублажи казните на околу 1.500 затвореници и помилува 39 затвореници.