Вечерва во Народниот театар – Штип, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Стан 54“ чиј автор е Никола Кузелов, а во колективна режија.
„Дали сегашноста е дистописката иднина на минатото?“ е мотото на претсавата за која авторот Кузелов вели дека станува збор за научно-фантастична трагедија во која се разработуват предизвиците со кои се соочува современиот човек, вештачката интелигенција, но и како таа влијае за луѓето помеѓу себе да се оттуѓат и отфрлат.
Дејството на претставата се случува во стан со реден број 54. Освен брачниот пар кој живее во станот, силното невреме ќе ги затече сосетката и продавачот кои случајно се нашле таму. Тогаш сите заедно одлучуват да живеат таму и да глумат семејство.
Во претставата играат: Никола Кузелов, Ања Митиќ, Нела Павловска, Виктор Велевски, драматург е Весна Куслеска.
Претставата е во копродукција со НУЦК “Ацо Шопов” – Театар Штип.