Фото: Х/Мигел Дијаз-Канел

Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.

– Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер… Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок – напиша претседателот на Куба на X.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.