Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел е „терористичка ционистичка организација“, која, како што наведе, го изврши најбруталниот геноцид во минатиот век во Газа.
– Не се сомневајте во тоа, Израел е ционистичка терористичка организација. Израел е извршител на геноцидот во Газа, но ова злосторство беше извршено со силна поддршка на западните земји и администрациите – рече Ердоган на партиски состанок.
Според него, оние кои јавно зборуваат за прекин на огнот и умереност, продолжуваат „зад сцената да му обезбедуваат на Израел секаков вид оружје, муниција и разузнавачка поддршка“.