Вечерва во три и пол се слушаше врева. Водата влезе во предниот дел од куќата. Син ми скокна, вратата го закачи, едвај го спасивме. Таму беа моите двајца внуци, снаата и сопругата. Кога водата се повлече, останавме без ништо, не донесовме ништо, ниту документација, само побегнавме кај соседите и ни се урна куќата. Ова е сведоштво на еден од жителите на Коњиц, кој ја има дадено за Klix.ba.
Потресни приказни и сведоштва има од настраданите во страшните поплави во Босна и Херцеговина, каде што има и голем број загинати, а по многумина се трага.
Целосно уништени домови, полавени улици.
Од една од болниците во Мостар, докторот Сафет Мујиќ, за „Дневни аваз“ потврди дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста, која потоа била донесена во таа болница. На трудницата ѝ е извршена операција.
– Станува збор за трудница во осми месец од бременоста, која е евакуирана од екипите на планинската спасувачка служба, и која, за жал, го загуби бебето. Моментално е во животна опасност – вели директорката на болница д-р Ламија Дурановиќ, во интервју за „Аваз“.
Илјадници жители на областите Јабланица и Којниц останаа без домови. Дождот што започна да врне ноќта, рано утрово предизвика силно невреме и покоси неколку области во Босна и Херцеговина. Поројниот дожд предизвика свлечишта, уништени се сообраќајните патишта, неколку мостови на реката Дрежанка, а во воздух виси и локалната железничка пруга. Босанските медиуми успеваат да пренесат дел од трагичните случки.
Владата на БИХ на итна седница ја ангажираше армијата, регионалните служби и побара од жителите да не се впуштаат во опасни акции за спасување.
Прогласена е кризна состојба, службите продираат во петте најпогодени региони преку, црвенито крст на Босна и Херцеговина, а илјадници луѓе што ги загубија домовите чекаат да добијат привремно сместување.