Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.
– Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот – порача Муртезани.
Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.
– Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација – дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани.