Израелската војска соопшти дека денеска убила командант на либанската милитантна група Хезболах во воздушен напад врз јужен Либан – објави „ДПА“.
Мажот е убиен во воздушен напад во близина на крајбрежниот град Тир. Либанското Министерство за здравство претходно објави дека едно лице е убиено во израелски напад на мотоцикл во областа.
Израелската војска соопшти дека тој бил командант на силите Радван, елитна единица во милицијата Хезболах поддржана од Иран.
Хезболах првично не го коментираше нападот или израелските тврдења.
Хезболах постојано лансираше ракети од јужен Либан кон северен Израел од почетокот на израелската војна во Појасот Газа против палестинската милитантна група Хамас, сојузник на Хезболах.
Израелската војска одговори со бројни воздушни напади и гранатирање цели во јужен Либан.