Фото: Маја Јаневска-Илиева

За да стигнеме до самоодржливост мора институциите да ни излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење тековно да можеме да ги сервисираме нашите обврски, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Драги Кушовски во интервју за МИА.

Кушовски додава дека ЈСП има обврски, но и свои побарувања од институции и приватни компании, кои треба да се плаќаат редовно за да може претпријатието да функционира.

– ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени – рече Кушовски.

Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.

– Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет – рече Кушовски.