Фото: ЕПА

Формула 1 (Ф1) објави значаен десетгодишен договор за враќање на спортот на африканскиот континент, со трката за големата награда на Африка, во Руанда, која треба да се приклучи на календарот во почетокот на 2030-тите, објави Формула 1. Договорот означува клучен момент во историјата на Ф1 со кој спортот ќе се врати во Африка првпат од 1993 година.
Долгорочниот договор ќе ја обележи првата трка во земјата откако ќе биде завршена новата наменски изградена патека во Бугесера, Руанда, што се очекува да биде во почетокот на следната деценија, а новата патека ќе биде развиена според стандардите на ФИА од степен 1 ​​како дел од поширок проект за спортски, туристички, инфраструктурен и комерцијален развој предводен од Одборот за развој на Руанда, пишува Ф1. Сместена приближно 40 километри јужно од главниот град Кигали и во непосредна близина на новиот меѓународен аеродром „Кигали“, патеката ќе биде дизајнирана да функционира во хармонија со природниот пејзаж, користејќи ги промените на надморската височина во областа за да создаде уникатно и предизвикувачко тркачко искуство, а наедно да обезбеди исклучителни можности за гледачите, пишува Формула 1. Н.М.