Фото: Пиксабеј

Животни

Интересно е да се проучува секојдневието во антички Рим, а меѓу другото да се дознае и какви животни чувале дома луѓето во тој период. Иако се поминати векови од овој период, ние сè уште се восхитуваме на многубројните артефакти од оваа ера. Кога ќе помислите на животните во античкиот Рим, првата слика што може да ви падне на ум е гладијаторската арена. Но што е со домашните миленици? Дали Старите Римјани имале домашни миленици и, ако е така, какви миленици имале?
Кучиња: Старите Римјани знаеле кои раси на кучиња се добри за различни работи. На пример, лаконското куче во Молусус се користело за лов и чување добиток. Овие видови кучиња се опишани во многу детали во записите што се однесуваат на тогашното земјоделство.
Мачки: Можеби е неочекувано, но мачките не биле многу популарни домашни миленици меѓу Римјаните. Да, во Рим имало мачки, всушност многу, и веројатно биле донесени таму на бродови од грчките колонизатори, уште во 5 век пр. н.е., но мачките главно се сметале за ловци на глувци и биле чувани само за оваа намена.
Птици: Птиците навистина се чувале како домашни миленици и биле доста популарни, но повеќе како статусен симбол. Некои видови, како што се прекрасните распеани славејчиња, биле скапи и можеле да ја достигнат цената на робовите. Кафезот за птици како артефакт се чини дека е карактеристичен за Рим. Иако нема физички докази, пишаните извори споменуваат кафези направени од сребро, злато, слонова коска и оклоп од желка.
Риби: Ако ја прошириме дефиницијата за домашно милениче, може да се зборува и за рибите што се чувале во римските домаќинства. Само во Помпеја се пронајдени повеќе од 70 аквариуми во вили, од кои многу некогаш содржеле риби. Сепак, иако тие служеле како статусни симболи исто како птиците, рибите понекогаш завршувале и како вечера на трпезата на нивниот господар.