Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел при што изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Украина во врска со ситуацијата во Керченскиот Теснец, за да го спречи Киев да донесе избрзани одлуки.
– Владимир Путин изнесе оценка за провокативните акции на украинската страна и грубото кршење на нормите на меѓународното право кога украински воени бродови намерно ги игнорирале правилата за мирен премин преку територијални води на Руската Федерација – соопшти Кремљ.
Путин на германската канцеларка и рекол и дека Киев носи целосна одговорност за ситуацијата во Керченскиот Теснец поради создавање на уште еден конфликт.